Финансии / Банкарство
ЗА ОБРАЗОВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ВО РМ - Николас Кфури, експерт за процесот на меѓународно стратешко планирање
од интерјуто за Економија и бизнис, маj 2016
Јас сум апсолутно убеден дека Македонија би требала да се натпреварува во економијата на знаење, каде што т.н. „економија од обем“ не е толку релевантна. За да се случи тоа, Македонија треба многу да инвестира во развојот на своите луѓе, нудејќи им образовни институции со висока вредност. Почетокот на натпреварувањето во таа арена е преку добро образована работна сила. Се разбира, потоа е потребна влада која поддржува претприемачи и ѝ ја обезбедува на земјата потребната економска, политичка и социјална сигурност која поттикнува инвестиции и преземање ризик.