Финансии / Банкарство
БУГАРИЈА И РУСИЈА НАЈАВУВААТ ОБНОВА НА ПРОЕКТОТ ЈУЖЕН ТЕК
Блиц свет
Според најавите што доаѓаат од бугарскиот премиер Бојко Борисов двете земји се согласиле да оформат работни групи со цел изнаоѓање модалитети за рестартирање на проектот. Една од главните точки за која се бара компромис е таканаречениот „трет енергетски пакет“ на Европската Унија, кој предвидува една компанија, во случајов Газпром, да не може да се јави во улога и на доставувач и на транспортер на гасот. Во јуни оваа година рускиот премиер Владимир Путин истакна дека Русија е сѐ уште заинтересирана за проектот „Јужен тек“ и дека тие во ниеден момент не се откажале од него, туку само ги стопирале активностите поради неусогласеност со Европската Унија и со Бугарија. Во меѓувреме, по посетата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на Москва, во јавноста сѐ повеќе се пласираат информации и за можно рестартирање на алтернативата на „Јужен тек“, таканаречениот „Турски тек“. Гасоводот „Јужен тек“ требаше да обезбеди транспорт за рускиот гас под Црното Море, па преку Бугарија и Србија да обезбеди гас за Централна и за Источна Европа.