Финансии / Банкарство

ГРЦИЈА ОСТВАРИ 3,57 МИЛИЈАРДИ ЕВРА СУФИЦИТ ЗА ПРВИТЕ 7 МЕСЕЦИ

Блиц свет

 

 


Грција оствари примарен буџетски суфицит од 3,57 милијарди евра за првите седум месеци од годинава, 874 милиони евра повеќе од предвидените и 140 милиони евра помалку од суфицитот остварен минатата година. Најголемото остварување во првото полугодие е кај буџетските расходи кои изнесувале 28,8 милијарди евра, што е за 3,2 милијарди помалку од предвидените 32,1 милијарда евра. Оваа разлика е доволно голема да го покрие падот на приходите во буџетот од 621 милион евра и да го оствари примарниот буџетски суфицит во првата половина од годинава. Како што информираат од Министерство за финансии на Грција, овој тренд се задржал и во јули, па така вкупниот примарен буџетски суфицит изнесува 3,57 милијарди евра. Од таму додаваат дека дополнителни расходи се очекуваат во делот на болниците од 390 милиони евра, како и дополнителен расход за субвенции кон земјоделците од 162 милиони евра. Изминативе неколку години Грција, во согласност со договорот постигнат со кредиторите, остварува примарен буџетски суфицит, а за возврат добива огромни финансиски средства за да ја преброди финансиската криза.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано