Финансии / Банкарство

ПАЃА УВОЗОТ НА СТАРИ, А РАСТЕ НА НОВИ АВТОМОБИЛИ

Блиц Македонја

 

 


Увозот на половни автомобили во јули оваа година бележи четирикратен пад според информациите кои доаѓаат од Царинската управа на Македонија. Споредено со јуни, кога биле увезени безмалку четири илјади автомобили, во јули оваа година увезени се нешто повеќе од илјада. Според познавачите на пазарот на автомобили ова е очекувано доколку се има предвид забраната за увоз на автомобили постари од 10 години (пониски од еур 4 стандардот), која стапи на сила токму во јули. Пад за половина е забележан и на годишно ниво споредено со месец јули 2015 година кога се увезени над две илјади возила. Проценките се дека оваа состојба се очекува да продолжи и во наредниов период имајќи предвид дека според податоците на Царинската управа забележан е раст на увозот на нови авотомобили, кој за првите седум месеци изнесува речиси 2 900 возила, што претставува раст од над 15 % споредено со истиот период минатата година кога се увезени нешто над 2 400 возила. 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано