Финансии / Банкарство
МОБИЛНАТА АПЛИКАЦИЈА ТТК М-БАНКА НА ТТК БАНКА СО ОДЛИЧНА ФУНКЦИОНАЛНОСТ И ДИЗАЈН
ТТК Банка
Пратејќи ги најновите технолошки трендови на пазарот, брзото живеење и потребите на своите клиенти, ТТК Банка нуди одлична апликација за мобилно банкарство ТТК м-банка.
ТТК м-банка е бесплатна софтверска апликација за мобилни телефони и таблети, која овозможува брз, лесен и безбеден пристап до производите и услугите за физички лица на ТТК Банка 24/7 од било кое место.
Апликацијата TTK м-банка може да се преземе од App Store (со iOS верзија 7 или понова) и Google Play (со Android верзија 2.3.3 или понова) едноставна е и прегледна за употреба, нуди многу поволности и одличен дизајн.
Нејзиното користење овозможува преглед на состојба/промет на денарската или девизните сметки, штедни влогови или картички, плаќање режиски трошоци или рати за кредити/кредитни картички, извршување на налози за плаќање преку стандардните обрасци ПП30 и ПП50, користење на готови шаблони за брзо плаќање, преглед на налози, отворање на стандарден депозит (како специфична услуга и кусур штедење), конверзија на валути, пријавување на изгубена картичка преглед на информативните СМС или Е-МЕИЛ пакети што ги нуди ТТК Банка со можност да се активира или да се деактивира користењето на истите.
Апликацијата нуди низа предности и за физичките лица кои не се корисници на производи и услуги на Банката, а кои со преземање на апликацијата имаат можност да добијат информации поврзани со производите и услугите за физички лица, проверка на курсна листа, конвертор на валути, калулатор на депозити и кредити, GPS локатор на деловни единици и банкомати и информации за нивното работно време и контакт.
Корисникот на ТТК м-банка покрај заштедата на време, штеди и средства имајќи во предвид дека плаќањата преку апликацијата се поевтини до 75%, а некои плаќања се целосно ослободени од надоместок.
Сите функционалности од апликацијата можат да се користат доколку корисникот ја користи услугата електронско банкарство, а активирањето на мобилната апликација се прави преку мобилниот телефон или таблетот без потреба од одење во Банка и склучување нов договор.