Финансии / Банкарство

ПОЧНА СО РАБОТА ХОТЕЛОТ ХИЛТОН ВО ПОДГОРИЦА

 

 

Синоќа во Подгорица, Црна Гора свечено беше отворен хотелот Хилтон. На отворањето на хотелот присуствуваа бројни гости од јавниот живот на Црна Гора и од регионот, претставници на амбасадите, на бизнис секторот, претставници на невладиниот сектор итн.

Во текот на поздравните говори, сопственикот на хотелот г-динот Жарко Буриќ истакна дека вечерта се тука да го прослават почетокот на работа на хотелот Хилтон Подгорица и дека е сигурен дека овој хотел ќе стане симбол на градот.

Поздравно обраќање имаше и Претседателот на Владата на Црна Гора г-динот Мило Ѓукановиќ. Тој во поздравниот говор истакна дека хотелот ќе допринесе за продолжување на туристичката сезона што воедно е и една од целите на идните реформи на Владата на Црна Гора во однос на туризмот.

На отварањето присуствуваа околу 1000 гости. Со свеченото отворање, хотелот Хилтон Подгорица официјално стана дел од големото семејство на хотели Хилтон, што во моментот брои повеќе од 4700 хотели во целиот свет.

 

 

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано