Финансии / Банкарство

ОДРЖАНА ДЕБАТАТА НА ТЕМА „ДРЖАВАТА И ПАЗАРОТ НА КАПИТАЛ“

 

Денес во просториите на Македонската берза АД Скопје се одржа дебата на тема „Државата и пазарот на капитал“. Дебата беше заеднички оранизирана од Македонската берза АД Скопје и бизнис магазинот „Економија и бизнис“. Модератор на дебатата беше Иван Штериев, директор на Македонската берза АД Скопје, а дискутанти беа Ханес Такач, помошник директор на Одделот за локална валута и развој на пазарите на капитал во Европската банка за обнова и развој, потоа професорите Томе Неновски од Американ Колеџ и Владимир Филиповски од Економскиот факултет при УКИМ,  и Зоран Јовановски ко-сопственик на бизнис магазинот „Економија и бизнис“.

На дебата се дискутираше заширок опсег на прашања во однос на тоа како би можела државата да помогне за побрз развој на пазарот на капитал. Меѓу другото, Штериев посочи дека би било корисно да се следи примерот на некои други земји и да се формира своевиден консултативен Совет во кој би учествувале сите заинтересирани страни и координирано би се разгледувале најдобрите решенија за понатамошни чекори за развој на пазарот на капитал. Такач истакна неколку интересни конкретни искуства на други земји за користење на одредени иновативни финансиски инструменти, а професорот Неновски се заложи за тоа властите во Република МАкедонија да емитуваат државни хартии од вредност во девизи. Професорот Филиповски ги елаборираше клучните аспекти на улогата на државата во развојот на пазарот на капитал, додека Зоран Јовановски истакна дека прашањето на развојот на берзата во една земја е всушност прашање за тоа каква структура на економијата сака да има таа земја.

На дебата беа присутни високи претставници на Министерството за финансии, НБРМ, Комисијата за хартии од вредност, како и претставници на регулаторните тела на пазарот на капитал, членови на пензиските фондови, брокерските куќи, членови од бизнис секторот итн.

 

 

ОДРЖА ДЕБАТА НА ТЕМА „ДРЖАВАТА И ПАЗАРОТ НА КАПИТАЛ“

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано