Финансии / Банкарство
„УПРАВУВАЊЕ СО ЛИЧНИТЕ ФИНАНСИИ“ - БЕСПЛАТЕН ДОДАТОК НА 28 СТРАНИЦИ ВО НОЕМВРИСКИ БРОЈ НА „ЕКОНОМИЈА И БИЗНИС“
Управувањето со личните финансии е една од вештините што секој треба да ја поседува.
За таа намена, заедно со ноемврискиот број на „Економија и бизнис“ излезе и посебен додаток на 28 страници под наслов „УПРАВУВАЊЕ СО ЛИЧНИТЕ ФИНАНСИИ“.
Во додатокот се зборува за тоа какви можности постојат за вложување на средствата, се дефинира и разграничува приносот и ризикот од инвестирање, се објаснува потребата од тоа да се распредели ризикот од инвестирање со тоа што нема да се инвестира само во еден туку во повеќе различни финансиски инструменти, се објаснува како секој да си формулира своја стратегија за градење на финансиско портфолио и како таа стратегија потоа да се реализира, како и некои дополнителни аспекти на управувањето со личните финансии.
Ноемврискиот број на „Економија и бизнис“, заедно со додатокот, може да се најде во селектирани трафики во Скопје. Постои и можноста за годишна претплата на „Економија и бизнис“ со бесплатна достава на примероците на домашна или службена адреса. За подетални информации јавете се на 3 211 915 или на 3 119 218.


