Финансии / Банкарство

ШЕСТ НАФТЕНИ КОМПАНИИ ВО БУГАРИЈА ОБВИНЕТИ ЗА ДОГОВАРАЊЕ НА ЦЕНИТЕ

Бугарската комисија за заштита на конкуренцијата обвини шест нафтени компании дека со договарање на цените на малопродажниот пазар ги прекршиле прописите за рамноправен натпревар на пазарот. Станува збор за компаниите Лукоил Бугарија, Шел Бугарија, Еко Бугарија која е филијала на грчката Хеленик петролеум, како и Петрол и Нис петрол во која контролен удел има руски Гаспром нефт. Според бугарскиот регулатор тие ги договарале малопродажните цени на дизелот и на бензините. Бугарскиот регулатор ја започнал истрагата во секторот на малопродажба на горивата во февруари годинава по поплаките на многу граѓани на високите цени на горива и покрај остриот пад на цените на нафтата на светските пазари. Сите обвинети компании, на почетокот кога беше објавена истрагата, негираа дека меѓусебно ги договарале цените, а сега имаат 30 дена и формално да одговорат на резултатите од истрагата. Во април регулаторот вршеше претреси на канцелариите на ОМВ, на Лукоил Бугарија, на Ројал Дач, на Ромпетрол и на Хеленик петролеум во Софија.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано