Финансии / Банкарство
ТОЈОТА ПОВЛЕКУВА 340 ИЛЈАДИ ХИБРИДНИ ВОЗИЛА ПРИУС
блиц свет
Тојота мотор корпорејшн (Toyota Motor Corporation) месецов објави дека поради проблеми со сопирачките повлекуваат вкупно 340 илјади возила од кои најмногу возила, 212 илјади, во Јапонија, 94 илјади во Северна Америка и 17 илјади вкупно во Европа и остатокот во Австралија и другите делови на светот. Иако не изнесуваат посебни детали за одлуката, Тојота призна дека добила извештаи за сообраќајки, повреди и смртни случаи предизвикани од дефект на рачната сопирачка. Според компанијата причината е сајлата на рачната сопирачка која може неочекувано да се одвои, што предизвикува проблеми при сопирањето на возилото. „Доколку се случи возачот да го остави автомобилот вклучен, паркиран и менувачот (автоматскиот) да не е во позиција ’паркгинг‘, постои опасност возилото да се придвижи и да предизвика судир“, се наведува во соопштението на компанијата во кое се додава дека отстранувањето на проблемот ќе биде бесплатен за корисниците. Моделите приус на Тојота со овие проблеми се произведени во периодот меѓу август минатата година и октомври оваа година.