Финансии / Банкарство

Димитар Богов: ОЧЕКУВАЊА ЗА 2017 ГОДИНА


По зголемувањето на основната каматна стапка за 0,75 процентни поени во вториот квартал и преземените дополнителни монетарни мерки, во втората половина од годинава дојде до стабилизирање на очекувањата на економските субјекти. Тоа е видливо преку отсуството на притисоци од побарувачката на девизниот пазар и интервенции на НБРМ со откуп на девизи, како и умерен раст на штедењето на населението во банкарскиот систем. Очекувам продолжување на тие поволни трендови во 2017 година под услов да дојде до стабилизирање на домашниот политички амбиент. Тоа би овозможило поволен амбиент за монетарната политика и ниски каматни стапки без загрозување на макроекономската стабилност. Надворешното опкружување ќе создава зголемени ризици произлезени од случувањата од Брегзит и „решавањето“ на ранливиот италијански банкарски сектор.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано