Финансии / Банкарство

Живко Мукаетов: EКОНОМИЈАТА ДА ДОЈДЕ НА ДНЕВЕН РЕД


Светската економија во 2017 година очекувам повторно да биде во сенка на геополитичките збиднувања. Се надевам и апелирам, по политичките турбуленции во изминативе 2 години во Република Македонија, најпосле економијата да дојде на дневен ред. Како компанија која пласира свои производи на околу 30 земји во светот очекувам дека ќе се соочиме со многу неизвесности и предизвици, па затоа повеќето активности ќе ни бидат насочени во годината која следува во правец на максимална диверзификација на ризиците од работењето, како и намалување на евентуалниот импакт од нив. Ние во Алкалоид ќе останеме посветени и фокусирани на својот раст и развој, ширење на производното портфолио и освојување нови пазари. Што се однесува до моите ангажмани на економски план, покрај секојдневните активности во компанијата, би го издвоил континуираниот ангажман во Македонија 2025, како и организацијата на Самит100, најголемиот собир на бизнис лидери во Југоисточна Европа, чиј домаќин кон крајот на јуни 2017 година треба да биде Скопје.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано