Финансии / Банкарство

Јелисавета Георгиева: ОЧЕКУВАЊА ЗА 2017 ГОДИНА


На 17 февруари 2017 година, Стопанската комора на Македонија како најстара и најбројна комора во Република Македонија ќе прослави 95 години од коморското организирање во нашава држава. Овој јубилеј го покажува континуитетот и потребата од вмрежување и интегрирање во големото семејство на сите компании без разлика на нивната големина.
Очекувањата за нареднава година на оваа бизнис-асоцијација која по вокација е заштитник на интересите на своите членови се движат во насока на продолжување на соработката со релевантните институции во државава, од една страна, со цел работење во економски амбиент кој од ден на ден се подобрува, како и соработка со регионалните и меѓународните институции, од друга страна, со цел инкорпорирање на нашата Комора во сите процеси на интернационално ниво и користење на бенефитите за бизнис-заедницата од соработката и поврзувањето со странските компании и размена на искуства на секое поле.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано