Финансии / Банкарство

Штефан Петер: ВО 2017 ГОДИНА НЕКОИ ПРИВАТНИ КОМПАНИИ ЌЕ ЗАПОЧНАТ СОРАБОТКА СО СРЕДНИ УЧИЛИШТА И ЌЕ СЕ ВОВЕДЕ ДУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ


Нема да цитирам неколку податоци и анализи што се достапни на јавноста. Наместо тоа, ќе дадам личен став и оптимистички поглед на 2017 година. Со предвидениот крај на политичката криза на почетокот од 2017 година очекувам да се врати и довербата во домашната економија. Ова ќе ги забрза инвестициите финансирани од приватниот сектор во недвижнини и градежни работи. Дополнително, ќе завршат неколку веќе започнати проширувања на постојните фабрики на странски инвеститори и ќе бидат понудени илјадници нови вработувања. Нови инвеститори ќе станат свесни за можностите да се произведува во Македонија. Исто така, во 2017 година некои приватни компании ќе започнат соработка со средни училишта и ќе се воведе дуално образование, а со тоа ќе се обезбедат одржливи работни места за во иднина.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано