Финансии / Банкарство
Златко Муцунски: ПОМИНА ВРЕМЕТО КОГА КОМПАНИИТЕ СО ГЛАВИТЕ ВО ПЕСОК ЧЕКАА БУРАТА ДА ПОМИНЕ
Генерален директор на Порше Македонија
И покрај сите политички и економски турбуленции, турбината на пазарот сепак некако се справува со предизвиците. Клиентите го диктираат пазарот и имаат големи барања и очекувања. И сега сите се во движење, сите ја имаат вклучено креативноста на максимум и нудат нови концепти за да ги задржат старите и да привлечат нови клиенти. Помина времето кога компаниите со главите во песок чекаа бурата да помине. Дојде нова струја која сите ги поткрена и ги стави во движење. И тоа е добро. Добро е што дојде до будење на креативноста и сега имаме нови понуди, нови идеи, зголемена компетитивност. Имаме пазар, имаме побарувачка, но и огромна понуда. Одиме во едни нови води, можеби непознати, но сепак возбудливи, а пребирливите клиенти се тие кои го вртат кормилото. И кога сите се во едно такво движење, неминовно е и економијата да се придвижи и да се мрднеме од точката во која сме закотвени. Во однос на економијата, а и конкретно во автомобилската индустрија, во блиска иднина очекувам тектонски придвижувања во смисла на нови понуди, дизајни, концепти, зголемени очекувања, силна компетитивност, раст и сето тоа на општо задоволство на сите. Значи не очекуваат нови авантури проследени со силна динамика и изострена конкурентност. И, секако, само најдобрите ќе успеат.