Финансии / Банкарство

Глигор Бишев: ОЧЕКУВАМ МИНИМАЛНО ПОТРЕБНИОТ КАПИТАЛ ЗА БАНКИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ДА ИЗНЕСУВА ОД 14 ДО 16 %, НАСПРОТИ СЕГАШНИТЕ 12 %


Очекувам на економски план светската економија во 2017 година да биде обележана со следниве три настани: започнување на циклусот на раст на каматните стапки, пред сѐ, во САД; продолжување на реструктурирањето на банкарскиот сектор во еврозоната и забрзување на економскиот раст; јакнење на важноста на припадноста во одредени економски блокови. Во согласност со овие светски движења, очекувам пристапот на Македонија до средства на меѓународните финансиски пазари да поскапи, исто така јакнењето на економските блокови ќе бара зголемување на конкурентноста на македонскиот извоз и потреба за вклучување на македонските компании во глобалните синџири на додадена вредност. Тоа ќе наметне долгорочно редефинирање на моделот на македонската економија и долгорочно реструктурирање на македонските компании. Банкарскиот сектор, иако здрав и ликвиден, во 2017 година ќе го прилагодува своето работење на новата капитална регулатива во согласност со измените на Законот за банки. Очекувам минимално потребниот капитал за банките во Македонија да изнесува од 14 до 16 %, наспроти сегашните 12 %. Тоа ќе наметне потреба на репрофилирање на одредени банки и успорување на нивниот кредитен раст. Сето тоа треба да создаде основа македонската економија да создаде услови за влез во нов циклус на одржлив раст во периодот по 2018 година. Инаку растот во 2017 година би бил анемичен и би се движел околу 3 %.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано