Финансии / Банкарство

ЕКСКЛУЗИВНО ВО ВИП: СМАРТ ЧАСОВНИК ЗА ДЕЦА И БЕЗГРИЖНИ РОДИТЕЛИ

Vip



Вип повторно воведува новини во своето портфолио на производи и услуги и за прв пат на македонскиот телекомуникациски пазар го нуди уникатниот MyKiсмарт часовник наменет за најмалите кој истовременообезбедува поголема сигурност за родителите.

Детскиот смарт часовник MyKi, достапен во сина, розева и црвена боја е модерен додаток за деца од 3 до 11 години. Со часовникот родителите секогаш се во тек со движењето и локацијата на нивното дете. Со можноста којаја дава вградениот GPS уред во часовникот, родителите во секое време можат да имаат на увид каде точно се наоѓа нивното дете. За уште поголема безбедност, преку вградената СИМ картичка, родителите добиваат можност да зборуваат со своето дете кога и да посакаат.

Уникатниот часовник MyKi располага со копчиња за брзо бирање кои се поврзани со  телефонските броеви впишани и меморираниод страна на родителите. Со тоа, детето може да добие некој од членовите на своето семејство само со еден допир на копчето.

Часовникот работи со вградена СИМ картичка и може да биде контролиран и преку специјално креираната мобилна апликација MyKiWatchдостапна за Android и iOSкако и преку веб апликација.

Смарт часовникот е достапен по цена од 999 денари, со договор склучен на 24 месеци и месечна претплата од 399 денари со тарифниот моделVipMyKi.

Повеќе информации можете да добиете на веб страницата www.vip.mk

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано