Финансии / Банкарство
Неби Хоџа: СЕКОЈА ВЛАДА КОЈЕ ЌЕ Нѐ ВОДИ ВО НАРЕДНИОТ МАНДАТ ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РЕАЛЕН, ОДРЖЛИВ И ДОЛГОТРАЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ
Претседател на СКСЗМ
Како 2016 година, и следнава година за Македонија ќе биде многу тешка со големи предизвици, ќе имаме нова влада, потоа локални избори, потоа деловно опкружување во светски рамки, така што не се гледа дека 2017 година ќе биде многу добра од економски аспект. Ако се земат предвид сите околности, економските показатели нема да бидат многу позитивни, почнуваќи од БДП кој според нашите анализи ќе се движи пак во зоната меѓу 2 и 3 %. Според економските платформи на политичките партии, ние секако ќе продолжиме да се задолжуваме, дури некои од нив имаат поставено и цел за јавниот долг, да се достигне во наредниот до 60 % од БДП. Секоја влада које ќе нѐ води во наредниот мандат треба да се фокусира на реален, на одржлив и на долготраен економски развој, на капитални инвестиции со финансиски бенефит за подобар живот на граѓаните на Македонија.