Финансии / Банкарство
Сашо Наумоски: ОЧЕКУВАМ, КОНЕЧНО, СИСТЕМСКИ ПРОМЕНИ ЗА СООДВЕТНА ЗАШТИТА НА ДОМАШНИТЕ ПРОИЗВОДИ ВО ОДНОС НА УВОЗНИТЕ
Генерален директор на Витаминка, Прилеп
Пред македонската економија претстојат многу предизвици за следнава година, кои се одраз на нестабилната политичка ситуација во изминативе две години. Токму затоа очекувам дека конечно ќе се стави крај на неизвесноста. Како резултат на тоа ќе следува поголема соработка со државата за полесен пробив на македонските компании на странски пазари, воспоставување доверба и соработка со странски компании. Очекувам, конечно, системски промени за соодветна заштита на домашните производи во однос на увозните. Регулирањето на пазарот, посебно во сегментот на кондиторијата и храна, е неминовно за зацврстување на самиот пазар и за влегување во регионална конкурентска трка. Институциите и државата можат многу да помогнат во просперитетот на оваа индустрија, за помош на македонските компании, а точно тоа се нашите очекувања.