Финансии / Банкарство
Елизабета Чингаровска: ПРИМАРНИОТ ПАЗАР ДА СЕ КОРИСТИ ОД СТРАНА НА КОМПАНИИТЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ СВЕЖ КАПИТАЛ ЗАШТО ТРОШОЦИТЕ ЗА ЕМИСИИ СЕ РЕАЛНО НИСКИ
Претседател на Комисија за хартии од вредност на РМ
Разрешувањето на политичката криза, прогнозите на Народната банка на РМ за економскиот раст и особено имајќи ги предвид финансиските резултати на компаниите заклучно со септември кога поголем број од нив имаат остварено зголемени приходи и добивки, во 2017 година очекувам стабилизирање и натамошен раст на Главниот индекс на Македонската берза, кој пак ќе доведе и до зголемен промет и тргување со акциите на компаниите кои котираат на берзата. Позитивни сигнали има и од странските инвеститори кај кои целокупната стабилност на државата има влијание при носење одлуки за инвестирање. Очекувам примарниот пазар да се користи од страна на компаниите за прибирање свеж капитал зашто трошоците за емисии се реално ниски. Во развиените земји, на берзата не се гледа како на конкуренција на банките при обезбедување финансии за развој на компаниите. Како што рекол и реномираниот управувач со туѓи пари Бенџамин Грахам: ,,Остварувањето задоволителни инвестициски резултати е полесно отколку што мислат повеќето луѓе“. Затоа сметам дека секој поединец или компанија може да го пронајде интересот на пазарот на капитал.