Финансии / Банкарство

Иван Штериев: СЕ НАДЕВАМЕ ДЕКА ПОЗИТИВНИОТ ТРЕНД НА МАКЕДОНСКАТА БЕРЗА ЌЕ ПРОДОЛЖИ


Во 2017 година ќе се испреплетуваат силни влијанија на многу различни економски и неекономски фактори. Не може да се побегне од впечатокот дека за македонската економија суштествено влијание ќе има евентуалната разрешница на долгата политичката криза по декемвриските избори. Стабилизацијата на состојбите на овој план ќе има мултиплицирано позитивно влијание, особено кај приватниот сектор и населението, што би требало најзначајно да се почувствува кај инвестициите и потрошувачката, но и кај општото ниво на оптимизам и прифаќање на деловните ризици. Секако, настаните на меѓународна сцена ќе имаат големо повратно влијание на домашната економија, а тие, пак, веќе извесно време се полни со изненадувања.
Се надеваме дека позитивниот тренд на Македонската берза започнат годинава ќе продолжи, а основа за тоа би била комбинацијата на добрите тековни перформанси на котираните компании, дивидендните и аквизициските очекувања и посакуваните ефекти од регионалната СЕЕ ЛИНК платформа и новиот современ софтвер за брокерско работење.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано