Финансии / Банкарство

Никица Мојсоска Блажески: ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА РАСХОДИТЕ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ, ЖЕЛБА ЗА 2017 ГОДИНА


Силно верувам дека во 2017 година Република Македонија ќе се врати на тронот на најголем економски реформатор во регионот. Економијата повторно ќе го заземе приматот над политиката, а новата Влада ќе треба веднаш да се зафати со голема работа. Економската политика (судејќи по економските програми) ќе биде базирана на поттикнување на нов, иновативен сектор (иако, за жал, доста срамежливо), ширење на позитивните ефекти од станските директни инвестиции и унапредување на целокупната деловна клима за брз раст на компаниите. Паралелно на тоа, фокусот ќе биде и кон социјалните програми со цел да се намали сиромаштијата.  Предновогодишно, би сакала и да искажам две желби, а тоа се реформа на системот на социјална помош и зголемување на расходите за образование.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано