Финансии / Банкарство
БЛАГ ПАД НА ЦЕНИТЕ НА СТАНОВИТЕ ШТО СЕ ОЧЕКУВА ДА ПРОДОЛЖИ
блиц Македонија
Според извештајот од Регистарот на цени на Агенцијата за катастар на недвижности, во третиот квартал од 2016 година постои намалување на непродадените станови за 35 и раст на становите кои се во градба од 363 станови, кои треба да бидат довршени и понудени на пазарот на недвижности во споредба со вториот квартал истата година. Според извештајот цените на пазарот на недвижности се стабилни, но со благ пад во некои општини како реакција на презаситеноста на пазарот со новоизградени станови. Агенцијата за катастар на недвижности во наредниот период очекува, доколку условите на пазарот останат исти подолг временски период, благ пад на цените на недвижностите, пред сѐ поради зголемената градежна активност, а значително намалената побарувачка на станови. Агенцијата за катастар на недвижности забрзано работи на воспоставување на системот за масовна проценка на недвижностите со цел да се изврши системска проценка на сите недвижности на територијата на Република Македонија и секоја недвижност да ја добие својата пазарна вредност.