Финансии / Банкарство
МАКЕДОНИЈА И ГРЦИЈА РЕАЛИЗИРАЛЕ 57 ПРОЕКТИ
блиц Македонија
Инфраструктурни објекти во прекуграничната зона, заштита на заедничкото природно и културно наследство, поволни здравствени и едукативни услуги, подобри услови за бизнис, се дел од активностите од Програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Грција, кои беа посочени при презентацијата на резултатите од ИПА-програмата за прекугранична соработка 2007 – 2013 година. Искористеноста на финансиските средства во износ од 11,5 милиони евра од ИПА-програмата за прекугранична соработка за периодот од 2007 – 2013 година е 82 процента од кои преку 10 милиони евра се за македонските партнери, истакна Ширет Елези, министерка за Локална самоуправа на Македонија. „Верувам во нашата соработка и имаме многу позитивни очекувања од нашите проект партнери во следниот период“, изјави Александрос Самарас, претставник на ИПА-програмата од Грција, при презентирање на извештајот. Со новата ИПА 2 прекугранична програма со Грција на располагање се 40 милиони евра.