Финансии / Банкарство
ТИКВЕШ СО РАСТ НА ПРИХОДИТЕ ЗА ДЕВЕТ, А НА ОПЕРАТИВНАТА ДОБИВКА ЗА 32 НАСТО
блиц Македонија
Вкупните приходи на ВВ Тиквеш во 2016 година забележаа раст од 112,8 милиони денари, што е зголемување за 9 % во однос на претходната година. Ваквиот раст се должи на зголемените приходи од продажбата на вино на домашниот пазар за 12 %, како и од растот на приходите од извоз за 6 %. Растот на приходите генерираше и пораст на бруто-добивката од 27 %, што во комбинација со пониските оперативни расходи за 6 % на винарската визба Тиквеш ѝ овозможија да забележи зголемување на оперативната добивка за 32 % во однос на претходната година. „Задоволни сме од остварените резултати кои покажуваат дека нашата стратегија за долгорочен развој се остварува онака како што е зацртана. Фокусот на натамошниот развој на Тиквеш останува имплементацијата на најновите глобални трендови во винската индустрија, развојот на нови вински брендови и промоција на висококвалитетното македонско вино во светот“, изјави генералниот директор на винарската визба Тиквеш, Игор Илиевски. Од компанијата очекуваат во 2017 година зголемување на приходите од продажба за 10 % во однос на 2016 година.