Општество

КОНКРЕТНИ ПОТРЕБИ И ОЧЕКУВАЊА НА МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ ЗА УЧЕНИЦИТЕ

Здружението за регионален развој БАЛКАН ЕКОНОМИК ФОРУМ од Скопје (www.balkaneconomicforum.org) го реализира проектот “Практична обука за промени/Internships for Change” (финансиран од страна на програмата CIVICA MOBILITAS), кој ќе се спроведува во периодот од 1 септември 2017 година до 28 февруари 2018 година.

Основна цел на проектот е да ја подобри информираноста и свесноста за концептот на практична обука помеѓу студентите и компаниите и да обезбеди практични алатки за студентите, компаниите и Владата, со цел овој концепт поуспешно да се организира и спроведува во блиска иднина.

Врз основа на настанот “Семинар за потребите и очекувањата на компаниите, 6 октомври 2017” се дојде до следниве резултати:

 

  • Вештини

За да се вработат, учениците треба да ги имаат следните вештини:

- Екстраверзија при презентирање
- Практични вештини за секторот, развиени од пракса
- Англиски јазик (неопходен) + друг странски јазик
- Критичко размислување
- Комуникација
- Тимска работа (клучно за секоја работа)
- Продажба и маркетинг (корисни за многу професии)
- Групни одлуки
- Креативно размислување

 

  • Лични карактеристики

За да се вработат, учениците треба да бидат:

- На време
- Да имаат желба да учат и да продолжат да учат
- Подготвени да работат повеќе од она што е потребно
- Фини
- Брзо пролагодливи на новата работна средина

 

  • Образование

За да се вработат, студентите треба да имаат:

- пракса
- искусен ментор додека се на пракса
- Сертификати од обуки, курсеви и настани

НО!

- Добрите оценки не се толку важни колку што мислат учениците
- Добро е да имате универзитетска диплома, но тоа не е пресудно за вработување
- Практично искуство и сертификати се поважни од универзитетската диплома
- Дипломата не е толку потребна колку што е важно практичното искуство

 

  • Совети

За да се вработат, учениците треба да се обидат да:

- Размислат кои се големите играчи во индустријата
- Ги контактираат сите фирми каде што би сакале да волонтираат

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано