Општество
ГЕРМАНСКО-ФРАНЦУСКА КОМЕМОРАЦИЈА НА 11 НОЕМВРИ 2017 ГОДИНА ВО БИТОЛА И ПРИЛЕП
По повод „Volkstrauertag“ (Денот на народна жалост) и "Commémoration du 11 novembre 1918" (Денот на примирјето од Првата светска војна) амбасадите на Сојузна Република Германија и Република Франција заедно ќе го одбележат поменот за сите мртви, ранети, изчезнати и раселени лица, за жртвите на насилство и ранети лица од сите војни и сите народи.
Во сабота, 11 ноември 2017 година ќе се одржат следниве комеморации:
- во 12:00 ч. на Француските воени гробишта во Битола и
- во 14:00 ч. на Германските воени гробишта во Прилеп.
Во присуство на претставници на државните и локални власти како и на дипломатскиот кор и на здруженијата, амбасадорот на Сојузна Република Германија ќе го држи својот говор на француските воени гробишта во Битола, а амбасадорот на Република Франција ќе им се обрати на присутните на германските воени гробишта во Прилеп во знак на помирувањето помеѓу двете држави и како уште еден доказ за германско-француското пријателство. По завршување на комеморацијата во Прилеп, Ве каниме на коктел во Домот за култура „Марко Цепенков“.