Општество

ДИЗАЈН – АД ентериери

Лидија Георгиева

По вторпат, интернационалното култно списание АД (Architectural Digest) во Музејот на монетите ја организира својата годишна изложба посветена на дизајн на ентериери. Десетина одбрани архитекти и дизајнери имаа задача да конципираат една соба – простор за живеење. Имам чувство дека поради напливот на нови профили на богати клиенти, освен пречистениот скандинавски дизајн и бруталистичкиот пристап, сѐ повеќе се појавуваат дизајни кои мораат да остават впечаток на прв поглед, со амбиција да се експонираат потрошените пари и социјалниот статус. Секако, од занаетчиски и од технолошки аспект, производите беа беспрекорни.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано