Општество
ДЕЛЕГАЦИЈАТА НА ГЕРМАНСКОТО СТОПАНСТВО ВО МАКЕДОНИЈА СТАРТУВАШЕ СО СВОЈОТ ПРОЕКТОТ ЗА ДУАЛНО СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ И ЗАПОЧНА СО ПРВАТА ОБУКА ЗА ОБУЧУВАЧИ
Обука на обучувачи – AdA International за прв пат во Македонија
Денешната обука ја отвори Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство во Македонија,кој инфомираше дека овој проект е од особено значење за развојот во стопанството во Македонија и голем број на проблеми ќе се решат со неговата имплементација.
Дел од успешното имплементирање на системот на дуално стручно образование започнува и завршува со обучувачите, кои во овој процес играат клучна улога, информира Едвин Лемке, експерт за стручно образование од Германија.
Обуката „Обука на обучувачи“ – AdA International, која ја организира делегацијата на германското стопанство во Македонија ќе трае една седмица и се организира за прв пат во Македонија.
За време на овој курс претставници од компаниите ДММ Дрекслмајер, Маркарт, Костал, ОДВ-Електрик, Гентерм, средното стручното училиште Киро Спанџов- Брко од Кавадраци ќе бидат обучени и сертифицирани за обучувачи во компанија според стандардите за квалитет на Асоцијацијата на германски комори за индустрија и трговија (DIHK).
Оваа сабота учесниците ќе имаат завршен испит по чие полагање ќе се стекнат со сертификат за обучувач во компанија според стандардите на Асоцијацијата на германски комори за индустрија и трговија (DIHK).