Интервјуа

ГОЛЕМ ПОТЕНЦИЈАЛ ГЛЕДАМЕ ВО ЗАКОНСКИ НЕЗАДОЛЖИТЕЛНИТЕ ОСИГУРУВАЊА

Интервју со Сања Танчевска

Госпоѓо Танчевска, вие сте на чело на Триглав осигурување АД. Вашето друштво за осигурување е дел од Групацијата Триглав од Словенија. Каде е присутна оваа Групација и кои се основните елементи на нејзината бизнис стратегија?

С. Танчевска: Групацијата Три­глав е водечката финансиско-осигурителна институција во ре­гионот Адријатика и една од најголемите групации во Југоисточна Европа. Дејствува на 8 пазари, поточно: Словенија, Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Република Српска, Црна Гора и Чешка и има 5.360 вработени. Задоволство е да се работи во една ваква организација каде што се ценат вистинските вредности и која угледот го гради врз основа на стручноста, на искуството, на довербата и на односот кон клиентите, вработените и акционерите. Во 2013 година беше донесена стратегијата за Групацијата Триглав за периодот 2013–2017 година, во која беа дефинирани стратешките цели како: профитабилно работење и зголемување на вредноста на Групацијата, фокус на клиентот, поедноставување на деловните процеси и ефикасност на трошоците, обезбедување на соодветни кадровски структури, постигнување на соодветен раст и профитабилност на клучните пазари и ефикасно корпоративно управување со компаниите во Групацијата. Доследното спроведување на оваа стратегија од страна на сите членови на Групацијата е еден од најважните фактори за успехот што Триглав како групација го бележи денес.

 

Прочитајте повеќе во печатеното издание

ПРЕПОРАЧАНО