Општество
КРЕИРАН ПРВИОТ ОНЛАЈН КУРС „КРЕИРАЊЕ НА МЛАДИНСКИ ПОЛИТИКИ“
15.01.2019 година

Фондацијата Претприемачки сервис за млади, овој месец, го креираше онлајн курсот„Креирање на младински политики“.
Курсот е наменет за јакнење на капацитетите на граѓанските организации, на младите луѓе и на останатите чинители за активно вклучување во процесите за креирање младински политики и застапување.
Програмата на курсот, кој содржи вкупно 10 модули, нуди богата содржина преку која се објаснува што се младински политики, младинско учество и застапување, кои се процесите на креирање, мониторинг и евалуација на успешни младински политики.Содржините вклучуваат теоретски и практичeн дел и се обработени преку презентации, кои овозможуваат систематско запознавање со темите. Оваа методологија за онлајн учење овозможува активно учество на учесниците, бидејќи секоја целина нуди можност за проверка на знаењето и практична имплементација преку важби и задачи.
Онлајн курсот, бесплатно и со претходна регистрација, е достапен на следниот линк:http://pretpriemacedu.mk/?p=7053
Проектот „Јакнење на капацитетите на граѓанските организации со цел унапредување на креирањето младински политики“ е финансиран од Европската унија а имплементиран од ПСМ Фондација и МКЦ Битола.
За повеќе информации:
Елена Тимчева, elena.timcheva@yes.org.mk, тел:02 3103 660
Содржината на оваа објава е единствена одговорност на Фондацијата за Претприемачки сервис за млади и на никој начин не може да се смета дека ги претставува ставовите на медиумот кој ја објавува.
Проектот е имплементиран од Фондација за Претприемачки сервис за млади и Младински културен центар Битола. Овој ПР текст и неговата објава се подготвени со поддршка на Европската унија. Содржината на оваа објава е единствена одговорност на Фондацијата за Претприемачки сервис за млади и на никој начин не може да се смета
