Општество

ПРОМОЦИЈАТА НА ПРЕВОДОТ НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК НА КНИГАТА „ВО ЛОТАРИНГИЈА“ НА ЕМАНУЕЛ РЕМБЕР

28.05.2019 година

Вечерва во 19 часот во Public Room (Јавна соба) во организација на Францускиот институт во Скопје ќе има промоцијата на преводот на македонски јазик на книгата „Во Лотарингија“ на Емануел Рембер, дипломат, советник за култура и соработка во Амбасадата на Франција и директор на Францускиот институт во Скопје.

Емануел Рембер престојот во секоја земја го завршува со книга. По делото "Немирни денови во Либија", престојот во Брисел е инспирација за Рембер да напише пријателска биографија за Жан-Клод Пирот, белгиски поет, проколнат писател, адвокат, анархист и вечен бегалец. Овој прекрасен биографски есеј беше позитивно прифатен и од францускиот печат, а објавен е на македонски јазик благодарение на издавачот „Магор“. 

Средбата е замислена во форма на интервју, коешто ќе го води новинарката Ана Јовковска, а за истата има обезбедено консекутивен превод.

ПРЕПОРАЧАНО