Општество
Повик до млади филмаџии – се бараат идеи за видео-клип!
21.07.2020 г.
Амбасадата на Сојузна Република Германија во Скопје сака да даде налог за продукција на видео-клип од 5 минути.
Повикуваме млади филмаџии од Северна Македонија да се пријават до 13.08. со идеја за реализација на проектот. За изработениот видео-клип Амбасадата има предвидено соодветен хонорар.
Подетални информации можете да добиете до 01.08.2020 г. кај Катрин Фриинсфелд (ku-1@skop.diplo.de) и Бјанка Зафировиќ-Орданоска (pol-11@skop.diplo.de)