Интервјуа

"ИДАТ ПОДОБРИ ДЕНОВИ"

Интервју со Маринос Стратопулос

Господине Стратопулос, вие сте генерален директор за Меѓународни активности во Групацијата на Националната банка на Грција (НБГ). Да започнеме со некои клучни информации за Групацијата, нејзината големина, клучните финансиски показатели итн.

M. Стратопулос: Пред да се осврнам на некои од клучните показатели во однос на НБГ Групацијата, важно е да напомнам дека НБГ е една од историски најважните финансиски институции во Грција. Всушност, таа е основана во 1841 година како прва финансиска институција во новоформираната грчка држава. Во моментов НБГ е една од водечките финансиски групи во Грција, со динамична присутност на територијата на Југоисточна Европа и Источниот Медитеран.
Во Грција, НБГ поседува 529 филијали и 1.401 банкомат, со акцент на развојот на алтернативни банкарски канали како што се мобилно и интернет банкарство. Што се однесува до меѓународната мрежа, имаме 1.233 филијали (околу 40% распоредени во регионот на ЈИЕ), а целата Групација има 35.227 вработени (од кои околу 20% во ЈИЕ), кои опслужуваат пазар од 125 милиони жители.

 

Прочитајте повеќе во печатеното издание

ПРЕПОРАЧАНО