Општество

ЕКСПО ДУБАИ – пред 50 години сето ова беше само сон

Лидија Георгиева

Авторот е дизајнер, редовен професор

Светската изложба е платформа за изложување на најголемите иновации кои го обликуваа светот во кој живееме денес. Во изминативе 170 години, Александар Грахам Бел во 1876 година во Филаделфија го демонстрираше првиот телефон, првата телевизиска емисија се емитуваше во 1939 година во Њујорк, беа прикажани првите компјутери, технологијата за конекција преку мобилен телефон беше презентирана во Осака во 1970 година, но и иновации во исхраната кои сега се дел од нашето секојдневие.
Од Ајфеловата кула, главниот симбол на светската изложба во 1889 година која во тоа време беше предмет на контроверза и жестоки конфликти меѓу тогашните авангардни и конзервативни париски кругови, па сè до денешната Плаза Ал Васл која беше централен експонат на Експо Дубаи, од октомври 2021 до март 2022 година, може да се доживее пулсот на иднината.
На овој голем светски собир презентирани се најиновативните идеи од областа на: технологијата, уметноста, високата гастрономија со сета своја егзотика, чудесна инспиративна архитектура, кратко речено − преку 190 земји и култури на едно место, со полни гради го дишеме настанокот на новиот свет.
Со водечки линии на поврзување на умови и креирање на иднина преку одржлив развој, на Универзалната изложба, секоја земја на својот павилјон нуди можност за потполна имерзија и силно космополитско доживување.
Изложбата е тематски поделена во три области:
– Одржливост – живот во хармонија меѓу човекот, природата и високата технологија
– Мобилност – за креирање нови, паметни и подобри конекции
– Можности – за отворање на потенцијалот кај секој од нас за подобра иднина.
Наша гостинка и водич низ Експо Дубаи 2022 е Искра Јанковска Михајловска, архитект. Целиот прилог на можете да го прочитате на следниот линк

ПРЕПОРАЧАНО