Вести
„Светски ден на Вранец”
04.10.2022г.
Во организација на Здружението „Вина од Македонија“, кое по четврти пат ќе ги обедини македонските и регионалните производители на Вранец, како и винските експерти и ентузијасти од целиот свет, со цел меѓународна промоција и препознатливост на овие вина.
Динамичната програма опфаќа дегустации на вина од цел свет, вклучувајќи ги и Србија, Црна Гора, Швајцарија, Австрија, Обединетото Кралство, Холандија и Соединетите Американски Држави.
Над 50 ВИНА ВРАНЕЦ произведени од винарии од нашата земја, Косово, Србија, Црна Гора и Албанија ќе бидат претставени на Винскиот салон!
Настанот ќе се одржи на 5 октомври 2022 година во Едукативниот центар М6 во Скопје, со почеток од 12:00 часот.