Интервјуа
ИМПЕРАТИВ НАД СИТЕ ИМПЕРАТИВИ – ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ИЗВОЗОТ И НА КОНКУРЕНТНОСТА
Интервју со Бранко Азески
Претседател на Стопанска комора на Македонија
"Во наредните 10 години потребно е да искреираме нов економски амбиент во кој зборовите извоз и конкурентност ќе станат синоними за нашиот понатамошен развој. Новите генерации сопственици и менаџери на македонските компании би требало да бидат гаранција за тој процес."
Господине Азески, оставате впечаток на човек кој е сигурен во своите констатации. На што се должи тоа и можни ли се изненадувања во спротивна насока?
Б. Азески: Прво, никогаш не треба да се излегува надвор од сопствените компетенции и надлежности. Второ, не треба да се зборува за нешто за што не си добро информиран. Јас го презентирам мислењето на најголемите и на најуспешните компании во земјава и тоа исклучително за нивната проблематика. А верувам во нивните констатации бидејќи тие докажале дека се способни да ги проценат работите, да се одржат и да остварат профит. Изненадувања? Можни се, но кај успешните бизнисмени се вкалкулирани во ризикот.
Има ли критика и самокритика внатре во бизнис заедницата?
Б. Азески: Кај бизнисите важи правилото дека право да критикува има оној кој е подготвен да помогне. Самокритика има во ограничена количина, а суетноста е секогаш присутна над дозволената граница.
Прочитајте повеќе во печатеното издание