Општество

Тилев: Независно од тоа кој ќе формира нова влада, клучно ќе биде дали ќе продолжиме со евроинтегративниот процес или не

Што очекувате од 2024г.

„Години наназад се обидувам да бидам оптимист на крајот од годината за да вдахнам тронка надеж за наредната година. Каква би била таа порака за „Среќна Нова година“ доколку не би прозвучил оптимизмот во неа? За жал, сложената геополитичка ситуација, војната во Украина и неединството во ЕУ неминовно ќе се рефлектираат и дома. Слободно може да заклучиме дека 2023 година беше тешка година за нас, но се чини дека 2024 година ќе биде уште потешка. Ќе ја започнеме 2024 година со непресечен „Гордиев јазол“ дома, со претседателски избори во март во Русија, избори за Европскиот парламент во јуни и комплетно нова лидерска гарнитура во институциите на ЕУ и на НАТО, а 2024 година ќе ја затвориме во ноември со претседателските избори во САД, веројатно најважните избори во поновата историја. Формирањето на техничката влада дома ќе биде предизвик, а изборите, претседателски и парламентарни, се реперот за успешноста на следната година. Независно од тоа кој ќе формира нова влада, клучно ќе биде дали ќе продолжиме со евроинтегративниот процес или не.“

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано