Вести

ОИЛКО КДА – Скопје достави понуда за преземање на сите обични акции со право на глас, издадени од „МАКПЕТРОЛ“ А.Д.

22.02.2024

Согласно Глава 6 од Правилата за котација, Управниот одбор на „МАКПЕТРОЛ“ А.Д. – Скопје ja известува јавноста за следната ценовно чувствителна информација:

 - Известуваме дека, согласно членот 28 од Законот за преземање на акционерските друштва, Управниот одбор на „МАКПЕТРОЛ“ А.Д. – Скопје, на ден 21.2.2024 година, доби Понуда и Проспект за преземање од ОИЛКО КДА – Скопје, за сите обични акции со право на глас, издадени од „МАКПЕТРОЛ“ А.Д. – Скопје, со обврска да ги откупи по цена од 67.001 денари за 1(една) акција, се вели во соопштението доставено до македонската берза.

ПРЕПОРАЧАНО