Вести

Бизнис роуд шоу за привлекување на туристи од Балтичките земји

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во Македонија од 27 до 29 февруари ќе ги презентира туристичките можност на нашата земја пред туроператорите на Балтичките земји. Во ова туристичко и бизнис роуд шоу ќе бидат остварени бројни средби со претставници на туристичките организации во Рига, Талин и Вилнус. Овие балтички земји се идентификувани, како нов потенцијален извор на дојдовни туристи за нашата земја, пред почетокот на најавениот директен лет Скопје-Рига од страна на авиокомпанијата „Ер Балтик“ во мај годинава. Туристичкото род шоу е поддржано од ИМЕ-Програмата за зголемување на пазарната вработливост.

Културата, сончева дестинација, престижно вино, исклучителна гастрономија, авантуристички и рурален туризам во Македонија се дел од понудата што ќе се промовира и презентира пред туроператори во Естонија, Латвија и Литванија

Директорката на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Јасмина Лескаровска го потенцира развојот на зелени дестинации и инвестирање во одржливиот туризам.

- Македонија во идниот период ќе мора да инвестира и посветено да работи за развој на еко туризмот и другите алтернативни форми на туризам, бидејќи во изминатите години многу малку е сработено во рамките на дестинациите и воопшто во нашата земја од аспект на градење на одржливи зелени дестинации. Инвестициите во еколошката инфраструктура, иницијативите за обновлива енергија и иновативните решенија за управување со отпад покажуваат посветеност на долгорочна одржливост. Бидејќи во иднина Македонија ќе треба да се приклучи кон останатите балкански земји во делот на привлекување на туристи кои се грижат за животната средина и бараат значајни и автентични искуства, притоа придонесувајќи за зачувување на природната убавина, истакна Лескаровска

 

ПРЕПОРАЧАНО