Општество

Франција се подготвува да отвори нова нуклеарна електрана

Франција се подготвува да ја пушти во работа новата нуклеарна електрана, со задоцнување од 12 години, и зголемени трошоци за да ги зголеми капацитетите за производство на струја, но и за да ги оствари целите за заштита на климата. Државната енергетска компанија ЕДФ објави дека телото за надзор ги одобри подготвителни чекори за почеток на работата на новиот нуклеарен реактор во Фламенвил.

Наредните недели се очекува почеток на полнење на електраната со нуклеарно гориво, а во текот на летото да биде вклучен на електроенергетската мрежа.

Изградбата на реакторот почна во 2007 година и требаше да биде завршена до 2014 година. Градбата доцни 12 години поради протекување на шевовите во челичната купола. Трошоците се зголемија на 12 милијарди евра од почетните 3,3 милијарди евра.

За разлика од Германија, Франција одлучи да се потпира на нуклеарната енергија за да ги постигне поставените климатски цени, пренесе ДПА.

Франција е најголем производител на нуклеарна енергија во Европската Унија и втора земја во светот, по САД.


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано