Општество

Привремените емиграции го зголемија бројот на жители во Канада

Населението во Канада достигна рекордно ниво од 40,77 милиони жители во 2023 година, пред се поради зголемената привремената миграција. Според статистичките податоци, Канада минатата година има 1,27 милиони жители повеќе  во однос на претходната година. Минатогодишниот раст на бројот на жители од  3,2 отсто е најголемиот од периодот по 1957 година, пишува „Ројтерс“.

Приливот на мигранти с причината за недостиг на домови за живеење, а цената на куќите и становите достигнале највисоко ниво, што влијаеше и на падот на популарноста на канадскиот премиер Џастин Трудо.

Порастот на населението го намали и бруто домашниот производ по глава на жител и влијаеше на намалување на продуктивноста во последниот квартал од 2023 година. На овие неповолни трендови предупредуваат од Националната банка на Канада.

-       Во 2023 година, постојаната и привремената миграција од странство учествува со 97,6 отсто во минатогодишниот раст на населението. Само 2,4 отсто е поради природниот прираст, се наведува во извештајот на Статистичкиот завод на Канада.

Ова е втора година откако привремената миграција го поттикна растот на населението. Канада е зависна од емиграцијата за да привлече работна сила за да го одржи економскиот раст. Во 2021 година една четвртина од населението не е родено во Канада, а тоа е најголем процент во земјите во Г7, се наведува во извештаите на ММФ. Владата на Трудо се обидува да го ограничи бројот на привремени мигранти кои би влегле во Канада. Се проценува дека на 1 јануари 2024 година во Канада живееле 2,6 милиони лица без трајна дозвола за престој.


 

фото freepic 

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано