Општество

Индија станува главен светски извор на човечки ресурси

Со потенцијалот на високообразовни кадри што го поседува Индија станува најбрзо растечка етничка заедница во вкупната работна сила  и главен  фактор на развој на бројните сектори  во земјите ширум светот. Американците со индиско потекло учествуваат со 15 отсто во работната сила во Силициумската долина во САД. Освен во развиените земји како Велика Британија, индиските стручњаци  се ангажирани и во големи компании во Африка. Тие се присутни и во регионот односно во Хрватска, каде се ангажирани во бродоградителството, градежниот сектор, туризмот и угостителството.

Во последната деценија Индија вложува многу во развојот на  образованието и обуките на младите лица.  Бројот на универзитетите од 723 во 2014 година се зголемил на 1113 во 2023 година. Индија станува водечки светски извор на дипломци според програмата за високо образование СТЕМ, која претставува интердисциплинарен пристап на учење во комбинација со наука, технологија, инженерство  и математика.

Индија има и најмлада работна сила што и овозможува одржлив економски раст и иновации. Индиската влада е посветена на проактивниот пристап во склучување на договори за партнерство за миграцијата и мобилност на работниците со земјите како што се Франција, Велика Британија, Германија и други земји во светот. Образованието во Индија е поставено во насока на стекнување на вештини на работниците со потребите на индустријата. Во земјата функционираат 10 илјади центри за обуки и стекнување на знаења за бројни професии во 40 различни сектори. Во изминатиот период биле отворени седум нови институти за технологија, 16 институти за ИТ, седум институти за менаџмент, 15 институти за медицински знаења и 390 факултети во целата земја, пренесува „Пословни дневник“.


 

фото freepic 

 

 

 

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано