Општество
Во Србија расте бројот на производители на обновлива енергија
03.04.2024г.
Десет цркви произведуваат енергија од обновливи извори
Во регистерот на купувачи-производители на електрична енергија на Електродистрибуцијата на Србија се наоѓаат три илјади субјекти кои имаат вкупно инсталирана сила од 48 мегавати. За една година вкупната сила на произведена струја од прозјумерите е зголемена за четири пати, а меѓу нив се индустриски објекти, згради, цркви, градинки и училишта, информираат од Здружението за обновливи извори на енергија.
Најголемиот дел од призводителите на струја се однесуваат на домаќинствата или 2.128 субјекти. Најмалку прозјумери има во категоријата на станбени заедници (само три згради).
Според инсталираната моќност на прво место се субјектите од катагоријата други купувачи-производители со инсталирана сила од 30,5 МW во 753 капацитети на обновливи извори на енергија. На 326 телекомуникациски објекти се инсталирани 3,4 МW, a најголемата инсталирана моќност од 17,8 МW е на индустриските објекти.
Меѓу производителите на обновлива енергија во Србија има 10 цркви, девет училишта и пет градинки. Како проиводители на струја се регистрирани и 48 физички лица, Државните институции учествуваат само со два отсто од регистрираните прозјумери, пренесува Н1.
фото freepic