Општество

Иницијатива во ЕУ за ограничување на извозот на половна облека

Половната облека од ЕУ завршува во земјите од Африка

Минатиот месец Франција предложи до Европската Унија да се забрани извозот на користена гардероба, со образложение дека може да ја загади животната средина во земјите увозници. Во случај да не се продаде оваа облека таа завршува на депониите. На француската иницијатива се придружија Данка и Шведска кои побараа од ЕУ да се применува Базелската конвенција, која се однесува на прекуграничното движење на опасниот отпад и нивното депонирање. Ова значи да се забрани извозот на опасниот текстилен отпад. Предлагачите на оваа иницијатива сметаат дека извозниците мораат да бараат согласност од земјите увознички пред да го испратат текстилниот отпад, објави Хина.  

-       Извозот на текстилниот отпад од ЕУ во земјите во развој предизвикува големи еколошки, општествени и здравствени проблеми. ЕУ мора да застане на патот на оваа појава, изјави претходно Сорен Јакобсен, заменик на постојаниот претставник ан Данска во ЕУ.

Ставот на Франција е дека со вклучување на половната облека во Базелската конвенција би се намалил или прекинал извозот на оваа гардероба од ЕУ и поттикнување на системот на рециклирање на текстилните производи  внатре во ЕУ.  

-       Трговците од Кенија предупредуваат дека ова ќе предизвика штетни последици, бидејќи увозот на половна гардероба обезбедува егзистенција на многу граѓани, но обезбедува и даночни приходи за земјите увознички, изјави Тересиа Ваирима Њенга, претседателка на кениската асоцијација МЦАК, која ги застапува интересите на два милиони трговци со половна облека, за Ројтерс.

Кенија  во 2022 година увезла 177.386 тони половна облека, што е за 76 отсто повеќе од 2013 година. Како големи увозници на користена облека се Гана, Сенегал и Јужна Африка. Европската Унија во 2022 година извезла 1,4 милиони тони половна облека и текстил, што е за двапати повеќе од 2000 година, покажуваат податоците на Обединетите нации.


 

фото freepic 

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано