04.04.2024г.
Цената на становите и куќите во еврозоната во последните три месеца од 2023 година се намалиле за 1,1 отсто во однос на истиот период лани. Во земјите од Европската Унија цените за недвижностите за домување пораснале за 0,2 отсто, соопшти европската статистичка агенција Евростат.
Во третиот квартал од 2023 година цените на недвижностите се намалиле за 2,2 отсто во еврозоната и 1,1 отсто во ЕУ.
Во четвртото тримесечие лани во осум земји од ЕУ цените се намалиле, а во 14 други земји има пораст на цените на недвижностите. Најголем меѓугодишен пад на цените е забележан во Луксембург за 14,4 отсто, во Германија цените се намалиле за 7,1 отсто и во Финска за 4,4, отсто.
Во новите членки на ЕУ цените на недвижностите се зголемиле најмногу во Полска за 13 отсто, во Бугарија за 10,1 отсто и во Хрватска за 9,5 отсто.
фото freepic