Општество

Српските домаќинства трошат енергија двапати повеќе од европските

08.04.2024г.

Во Србија над милион домаќинства се во енергетска сиромаштија

Во Србија 85 отсто од зградите не ги задоволуваат минималните стандарди за енергетска ефикасност. Во Европа секторот на згради троши 40 отсто од енергијата, а во Србија овој процент изнесува 60 отсто, се наведува во истражувањето на Министерствоито за простор во Србија.

Просечната потрошувачка за енергија во европските земји изнесува околу 70 kWh/m2  годишно. Просечната потрошувачка на енергија во Србија е двапати повисока и достигнува 150 kWh/m2 годишно.

Во Србија над милион домаќинства живеат во енергетска сиромаштија. Спроведувањето на програмите за енергетска ефикасност се неопходни, но може да биде дополнителен трошок за оние кои се со понизок економски статус. Мерките кои сега се спроведуваат речиси и не допираат до домаќинствата кои се соочуваат со енергетската сиромаштија,  затоа што тие се греат на дрва и на јаглен. За почеток, подобри резултати би се постигнале со замената на грејните тела и со субвенции за замена на прозорите и подобра изолација на просториите за живеење, се наведува во истражувањето на  Министерствоито за простор во Србија, пренесува „Новимагазин“.


 

фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано