Општество
Европскиот парламент ги определи еколошките цели за производителите на камиони и автобуси
11.04.2024г.
Европскиот парламент донесе закон за исполнување на задолжителните цели за намалување на емисијата на јаглерод од тешки товарни возила и автобуси до „нулта емисија“. Според овие правила, емисијата од тешките возила кои ќе се продаваат од 2030 година мораат да бидат намалени за најмалку 45 отсто во споредба со 2019 година. Во 2035 година намалувањето треба да биде за 65 отсто и 90 отсто во 2040 година. Од 2035 година овие обврски треба да важат и за камионите за отпад и за градежните машини.
Градските автобуси кои се во сообраќај од 2030 годиниа мораат да имаат намалување на емисијата на штетни гасови за 90 отсто, а до 2035 година да имаат 100 отсто „нулта емисија“.
За да се постигнат целите до 2030 година, повеќе од 400.000 електрични возила и возила на водород ќе мораат да бидат пуштени во сообраќај, а на Европа ќе и бидат потребни најмалку 50.000 станици за полнење на електрични возила и најмалку 700 станици за полнење на водород, информираат од Здружението на европски производители на автомобили АЦЕА, објави „Екапија“.
фото freepic