Општество
Јазот меѓу богатите и сиромашните земји се продлабочува
15.04.2024г.
Бруто домашниот производ по глава на жител во 2023/2024 година во повеќето од 75-те најсиромашни земји во светот, расте побавно отколку во богатите земји. За една третина од овие земји, БДП по глава на жител сега е помал отколку пред пандемијата на ковид-19, се вели во извештајот што Светската банка го објави денеска по повод искористувањето на средствата од Меѓународната развојна асоцијација ИДА.
- Трите економски сили Кина, Индија и Јужна Кореја беа земјите кои профитираа од заемите од ИДА. Сите три земји напредувале и ја искорениле екстремната сиромаштија и ги подобриле условите за живот, изјави Индермит Гил, главниот економист во СБ.
Земјите финансирани од ИДА имаат потенцијал да го сторат истото со меѓународна помош, додаде тој.
Во некои земји ситуацијата со степенот на екстремна сиромаштија е уште покритична. Речиси 25 отсто од населението во овие земји живее со помалку од 2,15 долари на ден, а 90 отсто од луѓето кои се соочуваат со глад или неухранетост во светот се концентрирани во овие земји, кои главно се наоѓаат во суб-сахарска Африка, како и во источна или Јужна Азија.
фото freepic