Општество

Дваесет отсто од становите во Србија се празни

Во Србија секој петти стан е празен, а во периодот меѓу два пописа бројот на привремено празни станови е зголемен за 34.499 станбени единици. Во 2022 година се евидентирани 3,6 милиони станови, од нив  500.000 се празни. На подрачјето на Војводина се 23 отсто од празните станови.  Причината за празните станови се различни: сопствениците се на работа во странство, некои се купени како инвестиција и се користат повремено или за престој на децата кои се на школување и  студирање, пишува „Бизнис и финансии“.

Најмногу празни станови има во Војводина (118.804 станбени единици) од нив 27.583 се во Нови Сад и 9.073 станови се во Суботица.

-        Ова значи дека добар дел од граѓаните во Суботица се заминати во странство, а во другиот дел од становите претходно никој не живеел, ниту се издаваат. Кога би се ставиле на пазарот на недвижности би се намалиле цените за изнајмување. Засега тоа не се случува, вели Дејан Граовац, вработен во агенција за недвижности. 


 

фото freepic 

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано